НОВА ОПРЕМА ЗА ФИЗИКАЛНА ТЕРАПИЈА

Во болницата

Болницата набави со сопствени средства три најсовремени апарати за одделот за физикална медицина. Екстензоматот, апаратот за шок вејв терапија и комбинираниот апарат се на располагање во одделението и во амбулантата.    – Креираме услови и можности за подигнување на квалитетот на  медицинските услуги – изјави директорот Кети Смилеска.

Физијатарот д-р Благоја Ѓорѓиоски објасни дека еден од апаратите нуди истовремено, независно да третираат 5 пациенти.

– Се овозможуваат третмани со вакум електроди кои вршат релаксација на воспаленијата или грчеви во мускулите и контрактури на зглобовите – кажа Ѓорѓиоски.

Еден од апаратите ќе врши терапија на лумбалниот и цервикалниот дел на ‘рбетниот столб. Екстензиоматот ги ослободува приклештените нерви. Комбинираниот апарат е и пулсна вибрациона масажа. Дневно има 160 пациенти од Прилеп и околината.

Loading