ШАНСА ВО КУМАНОВО

Ракомет

Суперлигашкиот тим на Прилеп е во групната фаза од Купот, по високата победа од 36:22 врз прволигашот Металург, некогашен шампион. Седум гола даде Антонио Бурчевски, по 6 Христи Бикоски и Синиша Павлов. По ова, со оптимизам се очекува последниот овогодишен настап во 14. коло од А-групата на Супер лигата, викендов во Куманово. Домашниот тим е последен на табелата со 3 бода, Прилеп две места погоре со 10. Шансата за победа на Прилеп е реална и со оглед на победата од 33:29 остварена дома, пред два месеца.

Во Б-групата од женската Супер лига, Деспина игра дома со штипски Астибо, по поразот од 19:21 дома од Овче Поле и победата од 24:22 со Кузман Вардар во Скопје.

Loading