ДЕСПИНА СЕ НАДИГРУВА СО СКОПЈЕ

Жени

В сабота (14 ч.) на игралиштето со вештачка трева е дуелот Деспина – Скопје, од 8. коло на фудбалската Прва женска лига. Прилепскиот тим е во силен залет, по две последователни победи – на гости со Речица, дома со 3:1 (стрелци Србинката Жељана Максимовиќ, Симона Тасева и Ана Боризоска) со Ас унитед од Струга. Тимот на Скопје откако со 4:1 загуби во Тетово од шампионот Љуботен, дома со 3:1 ја совлада Речица.

Табела: Саса и Љуботен по 18, Тиверија и Ас унитед по 15, Деспина и Скопје по 12.

Loading