ДЕРБИ ПРЕД ПОЛНА САЛА

Кошарка

Одамна немало многу публика за кошаркарски меч во Прилеп, но тоа сигурно ќе се случи  в сабота (19,30 ч.) во ОУ “Добре Јованоски”. Таму е големото дерби од 5. рунда на кошаркарската машка Трета лига на Македонија Б-група. Се среќаваат досега непоразените, прилепски Мега баскет и скопски Албес. Дуелот е привлечен затоа што во минатото првенство прилепската екипа настрада и не влезе во плеи-офот поради меч со Албес, по кој имаше одлука за службен пораз на Мега баскет и исклучување од лигата. Сега прилепчаните сакаат да покажат со игра дека се подобри и дека заслужуваат повисоко место од ривалот. Мега баскет две недели се подготвува за овој меч, по победата од 67:63 над Спарта во Скопје.

Табела: Албес 8, Тетекс, Мега баскет и ИБА Баскет по 6, Хераклеа, Гостивар 2 и Дибра иглс по 5, Љуботен 4, Спарта 3.

Loading