НЕМА НОВ СОПСТВЕНИК НА ВРВОТ?

Трета

Седум кола се премалку да се носат сигурни заклучоци, но доволни за претпоставки. Во досегашниот дел од фудбалската Трета лига – Југ, не се наѕира нов сопственик на врвот од табелата. Таму засега сигурен е Вардар. Неготинскиот тим ги победува сите без проблем. Последен со 5:0 настрада Росоман. Другите кандидати за највисокиот пласман, Питу Гули и Големо Коњари се оддалечија. Имаат по 16 бода, 5 помалку од Вардар. Во неделата се сретнаа меѓу себе, а победија крушевчаните со 3:1.

В недела играат: Вардар – Слога, Големо Коњари – Росоман, Марена – Питу Гули.

Loading