ИТНАТА ПОМОШ Е ПРЕМЕСТЕНА В БОЛНИЦА

После 4 децении работа во стариот објект

По повеќе од 40 години, Службата за итна помош од стариот и руиниран објект, е преместена во зградата од болницата, поточно во делот на Ургентното одделение. Се овозможија подобри услови за работа на медицинските лица, но и побрз трансфер на пациентите до одделенијата.

– Нашата цел како Раководство  на ЈЗУ Општа болница со проширена дејност е да обезбедиме подобри услови и за пациентите поблиску до болничките одделенија, но и за здравствениот персонал кој непречено во подобри услови ја обавува својата работа. Во делот има нов инвентар кој претходно беше обезбеден. Уреден е и паркинг просторот – вели Кети Смилеска, директор на болницата.

Итната медицинска помош има за цел да ги мобилизира животно загрозените пациенти и при повик на 194 да му укаже по потреба помош и имобилизација па да ги транспортира до болницата за нивно понатамошно лекување. Слжбата работи и на терен и во своите простории. Се грижи за пациентите во време на викенд и празници кога матичните лекари не работат. Покрај  овој приоритет во работењето, итната помош со своите тимови составени од лекар, медицинска сестра и возач обавуваат и други задачи како покривање на јавни настани и сл.

Со повикување на бројот 194 може да му се помогне на граѓанинот кога му е загрозено здравјето. Или ако е во можност сам да се обрати во просториите од службата од страната кај ургентното одделение, каде стручни екипи ќе извршат преглед, по потреба ќе направат одредена процедура за помош и ќе го упатат до соодветното одделение во болницата каде специјалистички тимови ќе го преземат понатамошното  лекување.

Моментално службата функционира со 10 лекари, а за нејзино нормално работење потребни се 15. Просечно имаат околу 100 пациенти во 24 часа од Прилеп, Долнени, Кривогаштани.

КОЖНАТА АМБУЛАНТА В УРЕД

Итната стоматолошка амбуланта ќе биде во болницата во просториите на максилофацијалното одделение. Кожното одделение ќе биде префрлено во Здравствениот дом односно уредот. , а додека

Стариот објект, некогашното гинеколошко оддление каде беше порано сместена Итната медицинска помош, ќе биде даден под наем.

ПОТРЕБНИ СЕ БАРЕМ УШТЕ 5 ЛЕКАРИ

-Сега сѐ е ново, чисто, опремено. Сите знаете во какви услови се работеше повеќе од 40 години. Ова е значајно и за персоналот, уште повеќе за пациентите кои ќе добиваат поголема грижа и медицинска помош. Се надевам дека наскоро ќе се реши и големиот проблем со недостигот од лекари. Имаме 10, ни доаѓаат со договор за платена практика, но сепак за комплетно да им излеземе во пресрет на граѓаните од Прилеп, Долнени, Кривогаштани, да се „покријат” и теренските интервенции, ни се потребни барем уште пет лекари. Овој период има многу интервенции, преку 100 во едно деноноќие. Интервенциите се зголемени кај хроничните болни, а корона вирусот во многу ја отежнува ситуацијата – изјави Снежана Петровска, раководител на Службата за итна помош.

Loading