СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОКЈАР

Иницијатива (12)

Објавуваме написи за животот и делото на една многу интересна личност од историјата на Турција – Али Фети Окјар. Тој е роден во Прилеп и бил политичар, војник, дипломат и публицист.

Неговиот бурен живот предизвика неколку интелектуалци и бизнисмени од Прилеп да покренат иницијатива за одбележување на високите политички дострели на прилепчанецот на политичката сцена во Турција во почетокот на минатиот век кој во политичката кариера стигнал до позицијата премиер на младата турска демократска држава и прв соработник на основоположникот на современата демократска Турција, Кемал Ататурк

Во романот на акад. Луан Старова под наслов Цариградски емигрант, како и во неговото интервју во кое се осврнува на ликот и улогата на Али Фети Окјар во создавањето на Република Турција, Старова, опишувајќи ја цариградската епизода на емигрантскиот живот на неговиот татко, Ариф Старова, се запознал и со животот и делото на Окјар, вујко на А. Старова и еден од најблиските и најверните пријатели и соработници на основачот на модерна Турција, Мустафа Кемал Ататурк. Според Старова, Окјар бил “десно рамо” на Ататурк. Меѓу 1911 и 1940 година, вршел важни должности на воен, политички и дипломатски план. Животот го почнал во Прилеп, каде што се родил во 1880 година, продолжил во Битола, Солун, Софија, Анкара, Триполи, Малта, Париз и Лондон, и заврши во Истанбул, каде почина  во 1943 година.

Тој и родителите потекнуваат од Прилеп. Во знак на сеќавање и почит на важната личност од историјата на Турција, кој до последниот момент на животот копнеел за родно место Прилеп и за Македонија дал придонес во развојот на современа Турција и негувал добри односи со осовојувачите на Македонија. Секогаш бил верен пријател, поддржувач, помагач, како што е до денес со Република Турција.

За 30 години од животот, Окјар минал разни општествено-политички должности, вклучително и претседател на парламентот на Турција. Во два наврати бил премиер. Неговото духовно и умствено оформување почнало како ученик во битолските училишта за воено образование, во мошне преломни историски периоди, кога на повидок бил крајот на Османлиската империја. По завршувањето на военото образование, во 1906 година бил поставен на должност во Воената академија во Едрене. Потоа на бил распореден на командна должност во Третата армиска област на границата со Грција. Кога бил унапреден во мајор, командувал и учествувал во разни воени операции. На 1908 година бил именуван за командант на Воено-жандермериското училиште во Солун, каде останал околу девет месеци. Во 1909 година заминал во Париз како воен аташе на Османлиската империја. Покрај редовните обврски, го проучувал и запознал демократскиот и парламентарен систем на Франција.

Loading