АСФАЛТ НА УЛИЦИТЕ ВО ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА

Неасфалтираните  тампонирани улици во индустриската зона Металец и оние со еден слој се комплетираат со нова последна покривка. Локалните власти најдоа средства заостанатите работи на уредување на индустриската зона да се средат и зоната да личи соодветно на потребите на сопствениците на производствените капацитети.

Градоначалникот Борче Јовчески вели дека се создаваат погодни услови за зајакнување и за унапредување на бизнисот и за развој на локалната економија.

Во индустриската зона не се изградени сите капацитети, додека се продадени сите парцели. Зоната е одамна подготвена со осветлување, струја, вода, канализација и цевки за интернет и телефони. Веќе функционираат десетина фабрики.

Loading