КРУПНИ ПРОМЕНИ

Ракомет

Бурно лето во ракометниот машки суперлигаш Прилеп. По назначувањето нов тренер, Грузиецот Реваз Чантурија, се случуваат крупни промени во играчкиот кадар. Клубот го напуштија Грузијците, голманот Зураби Цинцадзе и левото крило Казеин Рустамов. Има уште неколку заминати, десниот бек Хари Павлов, пивотот Марко Трајковски, средниот бек Марио Гичев, левиот бек Даниел Андоновски…

Има и оптимизам. Остануваат средниот бек Мириани Гавашелишвили и Чантурија, кој покрај тренер ќе биде и играч, десно крило. Другите кои остануваат секако не се тука лесно да се предадат во борбата за опстанок. Велат дека Прилеп ќе се бори рамноправно со конкурентите да го задржи суперлигашкиот статус. Покрај млади, во тимот ќе бидат и неколку искусни првотимци. При заминувања, има и добра страна. Тоа е шансата што ќе ја добијат помладите. Убава можност да се наметнат и да го потврдат талентот и квалитетот. Клубот е со намален буџет, но не е исклучено да изнајде сили и да се доведат неколку нови ракометари отстрана.

Одморот е до третата декада од јули, а првенството во септември.

Loading