ЛУТА ПИПЕРКА ВО ЧОРАПИТЕ

Необична, но мудра досетка. Експертите велат дека е добро повремено и умерено да се консумираат лути пиперки, бидејќи ја содржат лековита супстанција капсаицин, која ја поттикнува циркулацијата.        

Лошата циркулација не обезбедува доволно храна на органите и се развиваат различни болести. Секој не го поднесува лутото, дури ниту во мало количество. Така му е скратено благопријатното дејство на овој зеленчук.

За среќа, постои друг начин за подобрување на циркулацијата. Наместо да се изеде лутата пиперка, може да се стави во чорапите пред спиење. Пиперката треба да ја пресечете надолжно на половина, или ситно да ја исечкате и сомелете. Сомелена како паста можете да се користи како облога и да се нанесе на табаните. Со проѕирна фолија и чорап добро се фиксира облогата за да не се растури при спиењето.

Кога капсаицинот од лутите пиперки, ќе дојде во контакт со кожата, ќе се апсорбира и ќе предизвика локално забрзување на метаболизмот, проширување на крвните садови и ќе се засили циркулацијата. Доколку се прави пред спиење, помога за подобро заспивање. Со еден удар се “убиваат две муви”. Најлесно е да  се зема лута пиперка во прав, па да се нароси на стапалата и правот се става во чорапите. Може да се користи и масло од лути пиперчиња.

Не се претерува ниту со количеството, бидејќи може да стане претопло. Се проба првин на помал дел од кожата на стапалата. Доколку нема несакани ефекти, се применува на целото стапало.

Лековитото масло со лути пиперчиња за ревматски болки, невралгија и болки во зглобовите е одлично. Не само што може да се користи во кујната за зачин на омилените јадења, туку лекува. Тоа е антицелулитна масажа и третман на слабата циркулација. Маслото се прави од лути црвени пиперчиња и помага при радикулитис, миозитис, невралгија, реума и болки во зглобовите. Спаѓа во групата на иритирачки и загревачки масла.  Ги шири капиларите, ја зголемува циркулацијата на крвта во горните делови на кожата, го подобрува ткивниот метаболизам и ги активира регенеративните процеси на епидермисот.

Рецепт – потребни се 10 свежи лути пиперчиња, 2 чаши ладно цедено маслиново масло и стаклена тегла. Пиперчињата се мијат, им се отстранува дрќката и се мелат на машина за мелење месо. Се добива една чаша мелени пиперки. Се ставаат во стаклена тегла и се преливаат со маслото. Се мешаат и се остава теглата на темно место една недела. После 7 дена, се цеди содржината низ газа или цедалка. Може да се чува во стаклена тегла во фрижидер. По потреба се користи како додаток на јадењата.

Маслото се чува во стаклено шише и се користи за масирање.     Треба да се нанесува на кожата неколкупати дневно при болки во зглобовите. Се чувствува пецкање на кожата, подносливо дури и пријатно, оти длабоко ја загрева кожата. Болните места треба да се затоплат со топла ткаенина за да се задржи топлината на телото. Со време, интензитетот на нанесување се намалува. По месец-два, процедурата се повторува еднаш неделно, по потреба. Маслото се чува на темно место, или во фрижидер.

Loading