Селенот е најсилниот антиоксиданс

Некои минерали го забавуваат стареењето на клетките. Паралелно го штитат организмот од многу болести. Еден од нив е селенот. Го има во 50 до 100 различни протеини во телото со повеќе улоги, од изградба на срцевиот мускул до здрава семена течност. Клучен е за репродуктивното здравје на мажите и жените. Особено за мажите, оти овозможува правилно движење на спермата. Нискиот селен може да има негативно влијание врз плодноста на жените и на феталниот раст.

Селенот е микро-минерален антиоксиданс важен за функцијата на имунолошкиот систем и тироидната жлезда, за здравјето на градите кај жените и за зголемување на машката плодност. Дефицитот може да го зголеми ризикот од срцева слабост, рак, заболување на црниот дроб, губење на косата и промени на кожата. Витаминот Е и селенот заедно имаат заштитни и корисни ефекти.

Извори на  селен се бразилските ореви (2-3 ореви на ден), сардини, лосос, органски јајца, семки од сончоглед, органско пилешко, чиа семе, печурки, кромид, лук и морски плодови.

Loading