За ослабување за осум дена, без мрзеливост и со добра волја, се советува детоксикација од 21 ден со големи количества течности, особено супи од коски, но и вежбање.
Еве како изгледа тоа. Наутро 2 чаши вода и вежбање на лента за трчање половина час при што согируваат околу 200 калории. Потоа се јаде чинија супа од коски (350 мл.) за појадок, а потоа кафе. По неколку часа лимонада со мед. За ручек, 2 чинии супа од коски (700мл), јаболко и чаша вода. За вечера чинија супа од коски (350 мл.). Или се пие околу 2 литри супа и најмалку 2 литри вода дневно.
Тежок е првиот ден. Се чувствува глад, умор и нервоза. Следниот ден чувството е подобро. Продолжува детоксикацијата. По третиот ден, се додаваат кисели краставички во храната, кефир (за вечера), плус 2 литри супа. Се јадат јаболка и лубеница, но и бобинки. Кога ќе падне енергијата, се земаат неколку ореви или бадеми. Диета трае 20 дена. Потоа чувството е одлично, оти е видливо губењето на тежината.
Супата од коски го забавува процесот на стареење, ја лекува дигестијата, спречува воспаленија на телото и го подобрува здравјето на целото тело. Супата ја прави кожата еластична, се згуснува косата, ноктите стануваат поцврсти…
За супа од коски се користат шупливи, бедрени коски или пилешки коски. Се готват подолго. При крајот на варењето се додаваат моркови, целер, пашканат, кромид, магдонос и зачини. Се јаде три дена и се пие многу вода. Се препорачува за болки во колената и зглобовите, бидејќи е природен лек.
После 21 ден се слабее 8 килограми, а со вежбање и повеќе. Плус, мускулите се затегнуваат.
Пожелно е да се конзумира супата секој ден во комбинација со друга храна за одржување на тежината и за детоксикација.