РЕДУКЦИЈА НА НОЌНИТЕ СВЕТИЛКИ

Поради светската енергетска криза со која што сите се соочуваме и енормно зголемените цени на електричната енергија, а со цел да не се биде во тотален мрак, локалната самоуправа го редуцираа уличното осветлување. Во наредниот период делумно ќе се исклучи дел од постојната светлосна инфраструктура во центарот на места каде што има дури и прекумерно осветлување.

Локалните власти информираат дека водат максимална грижа за непречено одвивање на сообраќајот во ноќни услови. Со делумното намалување на светлината низ градот нема да биде загрозено безбедното движење на граѓаните во ноќните часови.

Loading