НЕМА ГРАДСКИ, ПОРАДИ ШТРАЈК НА ВОЗАЧИТЕ     

Бидејќи пратениците не гласаа за линеарно зголемување на платите од 2806 денари, возачите на градскиот сообраќај на ЈП ја прекинаа работата. Само еден автобус пренесуваше патници додека возачите протестираа. Не беа солидарни работниците на паркинзите на ЈП ПУП кои не ги поддржаа колегите.

Дел од медицинскиот пероснал во болницата не работеше два дена, одѕивајќи се на повикот на Сојузот на синдикатите.

Работата ја прекинаа и дел од службите во администрацијата. Сите институции работеа само со 10 отсто од вработените.

Синдикатот не отстапува од добивање на ветеното. Синдикалците во Скопје ги повикаа пратениците на оставки, оти работниците се изиграни.

-Сме ги избрале да ги чуваат нашите права кога не знаеме каква инфлација не чека. 2 806 денари линеарно зголемување значи само 14 отсто зголемување на платата – вели Дарко Димовски, претседател на ССМ.

Владата останува на ставот, првин да се подготви методологија за продуктивност, а потоа да пораснат платите на администрацијата.          

Loading