ВО ИТАЛИЈА И РОМАНИЈА ПО ЗНАЕЊЕ

СОУ “Ѓорче Петров”

Преку проектите од програмата Еразмус+ во СОУ “Ѓорче Петров”,  учениците се надградуваат и стекнуваат нови компетенции, општи знаења, од струката, практични вештини, ги зголемуваат јазичните и културолошките компетенции со престој низ различни европски држави. Се учат на тимска работа, животни вештини и созреваат, збогатувајќи се со сознанија и нови пријателства и проширувајќи ги видиците.

Проектот “Надградба на професионалните знаења” се реализира низ три тринеделни мобилности и обука за тројца професори во Италија, една во Романија со 11 ученици и две мобилности во Сицилија со по 13 ученици. Нашите претставници успешно, низ пракса, креираа, шиеја, подготвуваа, даваа терапија и нудеа нега на лица во старски домови.

Координацијата беше на професорката Билјана Тошеска.      

Loading