СЕ ЧИСТИ ДЕЛ ОД НЕУРЕДЕНОТО КОРИТО НА РЕКАТА

Комуналец и локалната самоуправа го чистат неурбанизираниот дел од речното корито зад егејските згради. Трска, шипови, врба, исфрлен отпад, тиња и што ли уште не, ќе се отстранат и ќе се пренесат до депонијата во Алинци. Заради обемот и поради тоа што дел од отпадот пред транспортот мора да се исцеди, пожелна е трпеливост од жителите. Се апелира до граѓаните да не го користат речното корито за одлагање на било каков отпад, туку правилно да го предаваат на комуналните служби.

Loading