Придонес во уметноста на Слободан Михајлоски – Данче

Изложба

“Ликот и делото на Слободан Михајлоски-Данче” е тематската изложба отворена во салонот од Архивот. Изложбата ја претставува меморијата и трагата оставена од нашиот уметник Слободан Михајлоски – Данче во ликовната уметностт. Станува збор за еминентен сликар, ликовен педагог и вљубеник во музиката. Тој е дел од генерацијата млади уметници  и творци, образувани по Втората светска војна. Бил еден од учениците на Лазар Личеноски. Неговите дела красат институции, домови во земјава и надвор од неа. Благодарејќи на Михајлоски-Данче, зачувани се пејзажи од Прилеп и од селскиот амбиент, старата градска архитектура и Марковите Кули.

Со предавањето на опусот на овој реномиран уметник на Државниот архив се овозможи одблиску да се претстави ликовното наследство на почитувачите на ликовната уметност.

Со изложбата се одбележа Меѓународниот ден на архивите.

Loading