ТУТУНАРИТЕ ЌЕ ГИ ДОБИЈАТ СУБВЕНЦИИТЕ

Веднаш може да почне исплатата на субевнциите за тутунарите. Пратениците ги поддржаа измените во законот за земјоделство откако власта и опозицијата меѓусебно се обвинија за доцнењето. Според министерот Љупчо Николовски, парите за тутунарите се обезбедени и не е потребен ребаланс за исплата, но ВМРО ДПМНЕ го блокира носењето на законот. Опозицијата го поддржа законот тутунарите конечно да ги земат парите иако законското решение не ги уредува докрај деталите и земјоделците и натаму ќе бидат незадоволни.

Министерството за земјоделство неколкупати апелираше до пратениците да гласаат за овој закон заради 20 илјади домаќинства кои живеат од тутунот. Министерството гарантира дека субвенциите се обезбедени и деновиве платежната агенција почнува со подготовка на решенијата.

Loading