СПОМЕН ОБЕЛЕЖЈЕ ЗА ПРИЛЕПЧАНЕЦОТ ОКЈАР

Иницијатива (3)

Објавуваме написи за животот и делото на една многу интересна личност од историјата на Турција – Али Фети Окјар. Тој е роден во Прилеп и бил политичар, војник, дипломат и публицист.

Неговиот бурен живот предизвика неколку интелектуалци и бизнисмени од Прилеп да покренат иницијатива за одбелжување на високите политички дострели на овој роден прилепчанец на политичката сцена во Турција во почетокот на минатиот век кој во политичката кариера стигнал до позицијата премиер на младата турска демократска држава и прв соработник на основоположникот на современата демократска Турција, Кемал Ататурк. Интелектуалците од Прилеп, се носат со идеја за покревање на законита постапка преку институциите достојно да се одбележи значајната фигура во политиката на Турција од минатиот век. И локалната самоуправа е запознаена со иницијативата, во чии контури стои покревање на процес за изградба на спомен музеј или спомен куќа во Прилеп во соработка со турските власти и амбасадата на Турција во Македонија.

Според исказите на неговите деца, ќерката Нермин) и синот Осман, Окјар бил мошне чесен, голем патриот, личност која интересите на неговата земја ги ставал пред личните. Бил смирен, неизбувлив, културен, почитувач од соговорниците, со либерални погледи, љубител на демократијата и слободата, секулариста. Бил почитувач на спроведените револуционерни реформи на Ататурк. Се докажал како одличен дипломат и претставител на земјата во странство, голем љубител на книгата, учењето и истражувањето. Ваквите квалификации изречени од неговите деца колку и да изгледаат субјективни, особините се потврдени за најверодостојни преку истражувањата за неговиот живот и дела како државник, војник и дипломат. На пример, што за неговата личност истакнале одделни турски и странски личности од тоа време:

Ахмет Емин Јалман, на 9 мај 1943 година, во весникот Ватан, покрај другото напишал: “… денеска го изгубивме Али Фети, личноста која 35-40 години извршуваше мошне важни улоги. После толкав долг политички живот тој е личност која заслужува љубов и почит…”.

Во весникот Акшам на 9 мај 1943 година, за смртта на Фетхи било напишано дека, тој, во политичкиот живот постојано се трудел да í биде од корист на татковината. Во приватниот живот бил посакуван и почитуван од секого, поради неговото културно однесување,. Во Париз и Лондон, претставувајќи ја својата земја на најдобар начин, оставил мошне добри спомени.

Хак’ Оџакоглу –  “… Почнувајќи од деновите на неговото школување Фети својот живот го посвети на напредокот и благосостојбата на татковината. Во служба на татковината, без да се плаши од било каква опасност, смело и решително застана во првите редови при секоја револуционерна активност. Во 40 годишниот политички живот никогаш не остана на периферијата на настаните. Неговата почит кон Ататурк беше како она кон татковината, почитта меѓу нив беше неограничена…”.

Џемал Кутај, во книгата за Фети го напиша – “… од личностите во кои Ататур имаше неограничена доверба, Фети беше меѓу најважните, првите…”.

Според францускиот весник Екселсијор, Окјар ја здобил почитта на француските соговорници. По негова заслуга Турција се орјентирала кон Париз и Лондон, со кои таа ги надминала недоразбирањата…”.

Авторот на книгата за Фети, Ихсан Сабри Балкаја, за личноста на Окјар, покрај другото,  напишал дека тој, според сите негови карактеристики и особини, важел за многу почитувана личност, политичар и државник. Чесноста, патриотизмот, приврзаноста кон слободата на размислувањето, либералниот однос, ставањето на преден план на државните пред личните интереси и корист, почитувач на другите, биле особини што ја краселе неговата личност.

продолжува

Loading