ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (141) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

1960/61 година

1.Анѓелески Живков Васил Стеваноски;

2.Анѓелеска Живкова Живка Најдоска;

3.Атанасоски Алексов Ѓорѓија Гога Танески;

4.Атанасоска Дончова Летка Танеска;

5.Атанасоски Јованов Драган Танески;

6.Атанасоски Јованов Димитрија Танески;

7.Атанасоска Танева Киска Танеска;

8.Атанасоски Неданов Војне Танески;

9.Василсоки Алексов Киро Василсоки;

10.Велјаноски Димков Коста Танески;

11.Велјаноски Орданов Стеван Танески;

12.Велјаноски Орданов Алексо Танески;

13.Ѓорѓијоска Стојанова Весела Николоска;

14.Дамјаноски Ристев Димче Ристески;

15.Дојчиноска Тошева Благојева Тодорка Јолеска;

16.Здравески Атанасов Боше Чонески;

17.Здравески Атанасов Стојан Чонески;

18.Јованоска Алексова Зора Јоноска;

19.Јованоска Алексова Загорка Јоноска;

20.Јованоска Ванѓелова Илинка Јоноска;

21.Јованоски Димитријов Јосиф Јоноски;

22.Јованоски Димитријов Арсе Јоноски;

23.Јованоски Лазаров Богоја Тодороски;

24.Јованоска Лазарова Благуна Тодороска;

25.Јовчески Благојев Гулаб Велјаноски;

26.Јовчески Ванѓелов Цветан Велјаноски;

27.Јошеска Петрева Киска Котеска;

28.Митреска Јованчева Анѓелина Мурџеска;

29.Митрески Јованчев Арсе Мурџески;

30.Митреска Митева Олгица Мурџеска;

31.Мојсоски Ванчов Славе Колеска;

32.Новачески Живков Петре Димитријоски:

33.Павлеска Јованчева Слободанка Јоноска;

34.Павлеска Игнева Даница Јоноска;

35.Петреска Ванчова Алтана Бабјакоска;

36.Петрески Димитријов Цане Бабјак;

37.Петреска Атанасова Марија Мурџеска;

38.Ризоски Боризов Киро Бошески;

39.Ризоски Боризов Гоце Бошески Ценоски;

40.Ризоски Боризов Панде Ценоски;

41.Ристеска Блажева Марија Танеска;

42.Ристески Дончов Сокле Јанкоски;

43.Ристеска Дончова Благуна Јанкоска;

44.Ристеска Ладева Алтанај Јанкоска;

45.Ристески Ладев Тане Јанкоски;

46.Стојаноска Ѓорѓијева Менка Котеска;

47.Стојаноска Ѓорѓијева Илинјка Котеска;

48.Стојаноски Тодев Блаже Котески;

49.Цветкоска Миланова Чана Димитријоска.

За овие девет години од 1952 до 1961 година го имаат посетено, слушале училишна настава 442 ученици, од кои биле запишани и шест првачиња забавачина. Тоа се следните шест ученици:

1.Ѓорѓијоски Дончов Ванчо Јанкоски 1951/52 година;

2.Трајкоски Јованчов Богоја Павлески 1952/53 година;

3.Стојаноска Ѓорѓијева Спасија Котеска 1955/56 година;

4.Јовчески Ванѓелов Цветан Велјаноски 1958/59 година;

5.Дојчиноска Тошеска Благоева Тодорка Јолеска 1960/61 година;

6.Митрески Јованчев Арсе Мурџески 1960/61 година.

Од овие шест забавачиња ученици само ученичката Стојаноска Ѓорѓиева Спасија Костеска го има земено прво одделение.

Веќе наближуваше годишниот школски распуст за годината 1952/53. Некои од децата ученици ќе бидат радосни со дадениот годишен труд за учење. А додека некои ќе бидат јадосани затоа што во тоа време со една двојка се стануваше повторувач во истото одделение за во новата учебна година, а резултатите за успехот или неуспехот ќе го кажеше учителот на самиот распустен ден пред насобраната маса луѓе.

Сепак нешто се знаеше од ситуацијата на учениците. Оние ученици кои се одредени од учителот да кажуваат стихотворби или учествуваат во разни драми и скечови при распустот сигурно го завршуваат со успех четврто одделение или пак од дотогашното одделение преминува во повисоко одделение.

Исто така се дозна со завршувањето на учебната година 1952/53 учителот Киро Миладинов после три ипол години престо фамилијарно во Марул ќе се сели во Прилеп, таму нашол ново работно место за учител. Пред тоа Киро бил учител во Варош и Боротино каде ја учел Јонческа Илинка Дојчиноска Благојојца Јолеска.

Учителот Киро Миладинов го напушти селото Марул од две причини. Како прво тој беше фамилијарен човек со жената му Таса, ќерката Иванка и синчето Тренчо. За една ваква фамилија, тука перење, месење, капење и ред други работи зависни од вода, а додека училиштето ги немаше тие услови со вода. Како втора причина беше децата му порастија за на училиште. Сакаше да ги просветува, воспитува на покултурен начин на градски менталитет.

Започна школскиот распуст, машките деца ученици летниот школски одмор преку летото го минуваат како воловарчиња или чувари на своите домови. Собрани во групи играјќи ги разните игри лажана, котка или бишка, чолиушка, Стојна кусо петле, слизгање стапчиња, џиданка врв курец и капење.

Ако некое дете воловарче носи ново стомче прво го носи на технички преглед кај Митрески Петре Мурџески и тој е воловарче за да му го пронајди мудусот точката каде треба стапчето да се држи при куцање. Стапчето одбележано од Петре навистина беше прецизно обележано. За работата Петре што ја извршуваше со прегледот на стапчето се наплаќаше. Со некое јаболко, круша, сливи, лубеница итн.

Ако воловарчето не ги наплати овие артикли доваѓа до закон, правила воловарчето ќе биди исклучено од друштвото или казнето со толку одредени пати да ги запира воловите преку денот ако има потреба за тоа.

Често пати сме биле ортаци за пасење воловите преку летото со стари дедовци како Танески Стојче 1868-1957, Котески Божин 1873-1962, Котески Илија 1876-1972, Јованоски Јован 1891-1963, Јованоски Илија 1885-1962, Павлески Трајан 1891-1971, Колески Стојко 1891-1968, Мурџески Цветан 1897-1970. Сите овие дедовци стално раскажуваа за во Турско, балканските војни и Втората светска војна, а додека малите воловарчиња ја слушнаа нивната приватна историја. Уште поинтересно беше кога нашите стари дедовци воловари кога ќе направеа средба во Бошкоец или во Смесите со штавичките воловари стари дедовци. Генерацијата на нашите дедовци воловари како Наумоски Спасе, Бозгески Бојко, Здравески Бунтески Крсте Саљо, Чкуроски Јанкула Пашоски Ѓорѓија и др. се раскажуваше за турско, за војните на Балканот, за нивната печалба во Америка.

Нас децата воловарчиња многу ни беше интересно нивното раскажување и често пати ние ја повторувавме нивната приватна историја.

Низ нивјето во полето марулско нема повеќе бригадни аргати. Него каде двајца, каде тројца. Нема младешки џагори како кога си идеја навечер бригадните аргати од полето од работата. Секоја вечер беа со песни и насмејани.

Продолжува

Loading