ГРАДОТ ЗРЕЕ СО СТАРА АРХИТЕКТУРА

Петтата деценија од минатиот век. Прилеп мириса на стари објекти, несекојдневно градени, ниски, заоблени, нацртани внатре со разни слики, обично со библиски приказни, дуќани со дрвени или тенекиени кепенци, калдрмисани сокачиња. Дрвца се извишиле меѓу градбите со многу прозорци да има светлина. Измешани се многу култури. Камената зграда на Тутунски животари уште од турско. Гимназијата се гледа и на сликава.

А на аголот ан, “легнат” зад сегашното казино Апекс и паркингот. Просторот е на средина и за арабите и за добитокот. Околу се конаците за ноќевање за уморните гости дојдени од секаде. Дел од анот бил урнат кога се правела улицата. Постарите ја паметат и куќа на Војо Бозаџијата.

Loading