АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Кога треба да го свртиш  кругот не запирај на полукругот.

X

Протераните си ги носат телата, но душата  им останува на родните огништа.

X

Кога власта се чувствува многу удобно, народот не може да спие.

X

Кој знае да оди право гази здраво.

X

Патот кон демократијата мора да има точни патокази.

X

Некои се полнат со силикони, а други не можат да си ги остранат течностите и салото…

X

Кога не си успеал до 5 до  12, нема ништо да сториш ни во 12. и 5!

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading