МЕДОТ И ЦИМЕТОТ СЕ ОДЛИЧНИ ЗА ЗДРАВЈЕТО

Познати се одличните здравствени својства на медот, како и супер здравата комбинација со цимет. Знаеме дека циметот и медот треба да се јадат секој ден наутро на празен стомак но може и секоја вечер пред спиење. Се чини дека овие лековити намирници имаат различно дејство ако се земаат во различен период од денот. Поточно, ако медот и циметот се консумираат пред спиење, се стимулира чистењето на дебелото црево, се отстрануваат габични и други паразитски инфекции кои создаваат проблеми со дигестијата, лошото варење и бавниот метаболизам. Оваа комбинација доколку се користи навечер е одлична и за сите оние кои се на диета, бидејќи помага во побрзо согорување на мрсните талози. Кога телото конечно ќе се прочисти, лесно се ослободуваат вишокот на килограми и се подобрува здравјето.

Оние кои го користеле овој рецепт велат дека секое утро се будат со помала тежина. Мешавината може да се користи за спречување на таложење на мрснотии во телото.

РЕЦЕПТ

Секоја вечер зовријте чаша вода (200 мл). Кога ќе се излади до собна температура или млака, се додава половина лажичка цимет, а кога целосно ќе се излади и една лажичка мед.

Добро промешајте за да се растворат состојките, поклопете ја чашата со тацна и оставете ја ладно и темно место, може и во фрижидер. Вака треба да отстои еден ден. Следниот ден пред спиење испијте го напитокот и подгответе нов.

Доколку напитокот сте го чувале во фрижидер, извадете го еден час пред концѕмација за да се стопли до собна температура. Напомена: Не треба да додавате ништо повеќе на овој напиток и мора да се концсмира само навечер, инаку ефектот нема да биде толку силен.

Loading