ВЕЛЕСКИ ПОДОБАР ОД 74 ШАХИСТИ НА ЕВРОПСКО

Шах

На Европскиот поединечен шампионат во Брежице, Словенија, прилепскиот шах убаво го претстави фидемајсторот Роберт Велески. Постигна пласман на 243. место во конкуренција на 317 учесници од 40 држави. Велески 4,5 поени освои преку ремијата со ФМ Ројал од Англија, Јаворник од Словенија, ФМ Мартинкус од Литванија, трите победи против Пат и ФМ Гершковиќ од Израел, Златанович од Словенија. Ова е големо искуство за прилепскиот шахист. Колку беше силен шампионатот покажува присуството на 117 велемајстори.

Европски првак е ВМ Блубаум од Германија.

Loading