Ракомет
Убав успех на женскиот пионерски ракометен тим на Деспина, кој стана вицешампион на Македонија. Под водство на тренерот Рубин Богојески во првата фаза беше доживеан само еден пораз – дома од Стружанка, а постигнати три победи – дома со Пелистер, на гости со Стружанка и Пелистер. Во четвртфиналето со 19:14 совладан е скопски Шампион, а во полуфиналето Скопје со 19:17 на пенали, во основниот дел 14:14. Во финалето без три повредени е претрпен пораз од 25:14 со Ѓорче Петров, па така освоено е второто место во државата, Тоа е показател дека добро се работи во клупската школа.
Сениорскиот тим од тренерот Страшо Илиески, по поразите дома од Стружанка (20:27) и на гости од Металург (31:25), викендов е дома со Вардар, во плеј-офот од Супер лигата.
Машката екипа на Прилеп успеа со 28:26 да победи во Струга, со тоа да ги врати шансите за опстанок во плеј-аутот од Супер лигата, каде поради настапите на А-репрезентацијата тимот на тренерот Горан Кузманоски – Таста има пауза до 21 април, кога дома игра со Радовиш.