СЛИКИ ОД ФОТО КИНО КЛУБОТ ПРИЛЕП

В понеделник

Изложбата на 60 уметнички фотографии “Јордан Зазоски – Зазо 2022” од Фото кино клубот Прилеп ќе биде отворена в понеделник од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Селекциона комисија на слободна тема избра 60 автори, членови на клубот кои ќе предивикаат збогатување на културната понуда преку афирмирање и промоција на уметничката фотографија. Изложбата е третирана како проект од национален интерес во културата од областа на визуелните уметности, архитектура и дизајн.

 Изложбата ќе ја отворат градоначалникот Борче Јовчески и претседателот на клубот Сашко Попоски.

Loading