Во ликовната галерија на ЦК “Марко Цепенков” следните две недели ќе може да се разгледа уметничката инсталација од Давид Атанасоски. Идејата се надоврзува на претходните изложби за рециклирањето.
– Ѕидната инсталација од отпадни дрва е основата на автономната и интегрирана структура. Строгиот распоред на композицијата, односно стратигафската систематизација и паралелизација на дрвените штици, ја потенцираат и архитектонската концепција. Инспирирана е од примарните архитектонски конструктивни елементи, од природната стратиграфија и слоевитост на земјата и севкупната историја, книжевност и наука на човештвото. Вертикално исправените објекти се прилагодливи во релација со урбани и архитектонски затворени простори – објаснува Атанасоски.
Уметнико поставил самостојни и учествувал во групни изложби во градов и низ Македонија. Бил дел од учесниците на уметнички колонии.