ПРЕТСТОИ ПЛЕЈ-ОФ

Кошарка

Екипата на Мега баскет е втора на табелата во Третата лига Б-група, но има шанси да биде и прва, затоа што претстои плеј-офот. Таму има место за четирите најдобри, што значи дека покрај Мега баскет е водечкото Работнички, третото Куманово, скопски Албес или дебарски Дибра иглс. Во претходното коло, при последниот настап во основниот дел, Мега баскет со 73:51 славеше во Дебар. Прилепскиот тим во последното коло е слободен, што е можност за долга подготовка за плеј-офот.

 Женскиот тим Мега баскет со пораз со 77:16 од Гризли во Скопје го заврши настапот во Првата лига Б-група.

Loading