Фудбал: Втора лига
Распоредот во Втората фудбалска лига – Исток е таков,што може да се насети победонсна серија на Победа. По триумфот над Детонит (5:2 во Радовиш), следат три меча на кои се очекуваат сигурни победи. В сабота (15 ч.) е дуелот дома со Братство од Житоше, потоа со последната Локомотива во Градско, па дома со кочанско Осогово. Дури по оваа серија е дерби-натпревар, со Саса во Каменица. Во меѓувреме, додека беше паузата, одигран е пријателски дуел дома со прволигашот Пелистер (1:1).
Конкурентите на Победа го имаат овој распоред: Слога – Детонит, Беласица – – Локомотива и Саса – Осогово.
Табела: Слога 42, Победа и Беласица по 41, Саса 40, Осогово 27, Кожуф 26, Пехчево 23, Детонит 20, Братство 13, Локомотива 6.