АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Животот е постојано одење горе-долу,а сепак само напред

x

Толкува и непрочитани дела

x

Не голтајте вести од социјалните мрежи,можете да се задавите

x

Човечки е да се греши,но не и да се постане грешник

x

Волци можат да се дружат со овци само поради римата

x

Секој има право да си избере меѓу сонот и јавето

x

На браникот на татковината не можеш да застанеш ако претходно не си застанал на браникот на семејството

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading