ВЕЛОСИПЕДСКА ТРКА 1987

Историја

По повод Денот на ослободувањето на Прилеп – 9 септември, во 1987 година се одржаа две велосипедски трки, организирани од ВК Илинден и СИЗ за физичка култура. Во ноќната трка низ градот, по Булеварот “Маршал Тито”, улиците “Димо Наредникот”, “Моша Пијаде” и “Сотка Ѓорѓиоски”, првото место го освои Панче Шалтев (Црвена ѕвезда, Велес), пред Зоран Андоноски (Илинден, Прилеп) и Златко Кузмановски (Коле Канински, Битола). Во брзинската трка Прилеп -Витолиште – Прилеп во должина од 100 километри, најдобар беше Зоран Андоноски, пред Панче Шалтев и Зоран Котевски (Коле Канински, Битола). Интересно е што Андоноски го надмина Шалтев во последните метри од трката.

Ноќната трка ја проследија многу прилепчани, распоредени на тротоарите на улиците каде поминуваа велосипедистите.

Loading