ГИМНАЗИЈАТА СО 4 МЕДАЛИ

На државното првенство во скијање

Во најдобро светло се претстави тимот на скијачи од гимназијата “Мирче Ацев” на државното првенство во скијање во Маврово во организација на ФУСМАК. Меѓу 350 скијачи од земјава гимназијалците кои континуирано ги усовршуваат скијачките вештини во школата за скијање ГИМ СКИ, освоија 4 медали од можни 12 под водство на менторот на екипата Даниел Василески.

На тронот за првото мести за тутулата шампион по вторпат се искачи Бистра Небрежанец, а втори беа Андреа Јанкоска и Борјан Стрезоски. Третата позиција ја зазеде Ангелина Апостолоска.

Гимназија потврди дека е расадник на одлични ученици и спортисти.

Loading