НЕГОТИНЦИТЕ СЕ ИЗВЛЕКОА

Трета

Двата најспомнувани кандидата за првото место, неготински Вардар и Големо Коњари, се сретнаа веќе во 1. коло од Третата лига – Југ. На теренот во Големо Коњари победија неготинците 3:2. Во следното коло Големо Коњари игра дома со Бучин, а Вардар оди на Напредок во Крушеани. Останати резултати: Обршани – Питу Гули 0:1, Марена – Младост 1:0, Росоман – Ново Црнилиште 5:1, Бучин – Возарци 1:0, Слога – Динамо 1:0. 

Според конечната табела, само првопласираниот ќе оди во бараж за Втора лига.

Loading