НЕИЗВЕСЕН ПЛЕЈ-ОФ

Ракомет жени

Интересен плеј-оф има во женската ракометна Супер лига. Дека шампионот Куманово не е единствениот кандидат за титулата се виде уште во 1. коло кога екипата на Металург изненади со реми (23:23) токму во Куманово. Така станува неизвесна трката за титулата и горните места од табелата, каде има желба да биде и прилепска Деспина. Прилепскиот состав откако успеа со 25:24 да ја совлада Стружанка во Струга, дома со 21:29 загуби од скопски Металург. Нов тежок меч за прилепчанките има викендов, кај Вардар во Скопје.

Табела: Вардар 10, Ѓорче Петров и Куманово по 8, Металург 7, Деспина 5, Чаир 3, Стружанка и Пелистер по 1.

Loading