АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Времето не можеш да го одминеш, ама тоа тебе може.

x

Секојдневието испишува поинаку нешто од она што некои јавно прокламираат.

x

Биди на чекор зад првиот и надевај се да направиш два чекора наеднаш.

x

Некој си ја бара среќата, а некој – бељата!

x

Ги симнаа маските против вирусот, а претходните им останаа.

x

Ако нешто правиш, направи и нешто повеќе од предвиденото.

x

Со сила можеш само да  одземеш, а не и да дадеш.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading