Времето не можеш да го одминеш, ама тоа тебе може.
x
Секојдневието испишува поинаку нешто од она што некои јавно прокламираат.
x
Биди на чекор зад првиот и надевај се да направиш два чекора наеднаш.
x
Некој си ја бара среќата, а некој – бељата!
x
Ги симнаа маските против вирусот, а претходните им останаа.
x
Ако нешто правиш, направи и нешто повеќе од предвиденото.
x
Со сила можеш само да одземеш, а не и да дадеш.
“Д-р Хаџи-Васков”