ЈАКНЕЊЕ НА ИМУНИТЕТОТ

Многу ефикасен е стариот лек од Тибет донесен на нашите простори. Може да го консумира секој. Наменет е за зголемување на имунитетот и за лекување на остеопорозата, болеста која најмногу ги погодува жените после менопауза.

Потребни се 1 тегла мед, 5 лажици ленено семе, 3 лажици сусам, 3 лажици суво грозје, 3 лажици семки од сончоглед, 3 лажици и пченични  ркулци. Првин се приготвуваат пченичните ‘ркулци. Пченицата се става во чиста стаклена тегла. Се полива со вода, колку да биде покриена. Отстојува една ноќ. По 10-12 часа се цеди преку газа и се плакнат зрната со ладна вода. Пченицата повторно се става во чиста тегла. По 24 часа, ќе из’рти. Ако не из’рти, се повторува постапката уште еден или два дена. Ако воопшто не из’рти, се фрла, оти веројатно е генетски модифицирана пченица, која не е жива. Кога ќе се мирисне, мириса на ферментиран квасец. Се фрла ако мириса на скапано. Потоа сите состојки се мелат и се мешат. На крај се додава медот и повторно се меша да се изедначи смесата. Може да се додаде по една лажица мелен рогач и мелен цимет.

Се консумира по 1-2 лажици наутро на гладен стомак.

Loading