Главоболката е резултат на витамински недостиг. Со исхрана, богата со витамин, може да се елиминира, дури и мигрената која се манифестира соповторување на напади. Повеќе видови главоболки се последица од труење со тешки метали, предизвикани од недостиг на витамините Б и Д. Со надополнување и чистење на организмот од токсичните метали, главоболките исчезнуваат или значително се намалува зачестеноста.
Недостигот на витамин Б, особено витамин Б2, Б6 и Б12 предизвикува мигрена. Висока доза на витамин Б2 е ефикасна превентива за мигрена. Нападите се намалуваат двојно, дури паќа јачината на болката.
И недостигот на витамин Д е еден од главните предизвикувачи на главоболка. Овој витамин е одговорен за апсорпција на сите нутриенти неопходни за организмот. Витамин Д го намалува воспалението на нервите и крвните садови во мозокот, со што ги спречува мигрените. Има и аналгетски ефект. Витаминот Д ја намалува зачестеноста на мигрената.
Со минимална корекција на животниот стил и исхраната, како и со дополнителен внес на витамини Б и Д, може да се избегне главоболка. Богатство на витамин Б има во млечните производи, зелено лиснатиот зеленчук, месото од живина, бананите, говедското и школките. Витамин Д се добива со умерено изложување на сонце, но и ако јадете мрсна риба и печурки.
![]()

