МРАЗУЛСКА СКУЛПТУРА ПОД МОСТ

Небаре во Сибир во пролет, природата среде в град, под мостот на реката, создала уметничко дело. Природниот “вајар” го искористил студот да креира своевидна скулптура од неколку метри, небаре мразулско перде, слично како во длабоките пештери каде делата се сталактити и сталагмити од камен, создаден од вода. “Скулпторот” го покажал раскошниот “уметнички” дар во бел мраз со асистенција на температурата од минус 12 степени.

Како и да е, творештвото на природата веќе стана мотив за селфи фотографија на превезувачот со количка по име Алфред. Тој го овековечил делото, доведувајќи го до градска атракција која ќе потрае додека сонцето не го порази мразот.

Loading