– Жено, што има за ручек?
– Грав.
– А мори, отвори тоа книгана имаш ГОТВЕЊЕ на 400 страници, што е ова само грав!!!
– Па и Кама Сутра има многу страници…
Шефот го прашува Пејо:
– Пејо, зошто постојано доцниш на работа?!
– А вие зошто постојано доцните со платата?
– Па добро, сепак добиваш плата.
– Па еве, сепак и јас доаѓам на работа.
– Маженце, каде ќе ме носиш за 14 февруари?
– Кај мајка ти.
– А за 8март?
– Тогаш ќе те земам!