АПЧИЊА ЗА ЗДРАВИ

Плитките во умот лесно ги носи водата.

x

Визионер не може да биде оној што ништо не гледа подалеку од носот.

x

Како што секоја река си го пробива патот, така треба и секој човек за себе.

x

Секој секому е – црна кутија.

x

Ниту во злодоба не заборавајте кои сте.

x

Ги принудуваат да се само кастрираат.

x

Додека на добрите им се случуваат лоши нешта, лошите си живеат добро.

“Д-р Хаџи-Васков”

Loading