КАДЕТИ И МЛАДИНЦИ ВО „РИЧКО“

Борење

Претстои возбудлив викенд за љубителите на борењето. Во салата од СОУ ,,Ристе Ристески – Ричко,, в сабота се борбите од Изборното првенство во кадетска конкуренција. В недела за што подобар пласман ќе се борат борачите во младинската група. Се очекува учество на претставници од многу македонски клубови, меѓу нив од домаќинот БК 7 Мај.

Претходниот викенд натпреварите се одржаа во Радовиш, каде триумфираа девојките  на БК 7 Мај.

Loading