ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (128) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски

За денот Ѓурѓовден, верски празник народот после црквата се собира кај Крлешката со музика и ортомите префрлени преку гредите на јасиките се крлат и девочлињата, ако крла машко ќе му пеат за некое за некое девојче, ако се крла девојче ќе му пеат за некое машко, со песната:

Зора се крла, Веле ја гледа

ѓурѓеле, ѓурѓеле н еплаши се пиле Зоро

Ако ортома се скине, Веле в раце те чека

ѓурѓеле, ѓурѓеле.

Зависи како се вика лицето што се крла, такво соодветно име ќе му пронајдат.

Повратникот од сел Дабница за првпат излезе на Ѓурѓовден фамилијарно кај Крлишката во придружба со неговата жена Василка Пажеска преоблечена во градска носија.

Штотуку ги виде Ванчо Павлески и отпочна со диксусија, те моља сега во селово имаме три чавки сламарки помешани во јато јајчарки. Тоа значело Трајкоска Менка, ќерка и Атанасица Илинка и сега Цветаница Крушка ја сменале носијата од селска во градска носија, во фустани излегле црни како чавки помешани со селските жени сите со селски везани шарени кошули изгледале како страчки јајчарки кои влеват во камарите и ги пијат јајцата од кокошките. Ванчо како Ванчо и како да го фрлиш застанува на нозе. Сред селото во реката врија од неговото нагаѓање поготово од страна на машкиот пол. Тој беше Ванчо.

Разболениот бригадир за Јужно маало трета бригаде Атанасоски Јован

Атанасоски Ристев Јован Танески 1926 – 2014 година со завршено четврто одделнија 1933/37 со српска настава во основното училиште во с. Подмол.

Јован интелегентно беше многу бистар и разбрана личност. За некои работи случени во ден, месец и година беше ненадминат во памтење. Во есента 1943 година Јован се ожени за Карбеска Митрева Ѕвезда. Во наредната година 1944 им се роди првото дете крстено Петре, за прв пат во родот Танески се спомнува име Петре. Во половината на месец декември Јован добива позив за да оди војник партизан со уште четворица марулски младинци регрути.

Атанасоски Мицев Тане Танески прв брачед од стрико Петрески Велјаноов Ванчо Бабјак, Ристески Ристев Китан Јанкоски прв брачед на Јован и тане од тетка Петра Танеска, Стојаноски Илијев Тоде Китески Танески комшија, сосед. Ова е последната група војници од с. Марул. Сите овие пет партизани војници одат во Шестата МНОУ во Западна Македонија во реуните на Кичево, Гостивар и Тетово.

Овие млади војници се без никаква воена обука за раководење со оружје или со некој експлозив. Наоружани со слабо оружје пушка италијанка, фишеци кој знае чии се без ремени и често заглавувуваа при пукање отерани да се борат против балистичките банди, хорди на Мефаил. Аќив од Речица, Џемо Хасани од Симица, наоружани со најмодерно ѓерманско оружје бранејќи ги ѓерманските воени позиции при нивното повлекување од македонските територии. Овие балистички банди не биле признаети ни од албанските партизани. Немале некоја идеологија за оснивање некоја сопствена држава само арамилакот и убиствата му лежеле во нивните души. Како убијци настрадало најповеќе македонското христијанско население.

Се воделе страшни борби во гостиварско кај селата Форино, Челопек, Чојле и др. места. Партизаните ги фаќале балистите заробеници, ги спроведувале во логори. А додека балистите ако заробеле од партизаните ги заковувале живи за некое дрво  во планината, му ги ваделе плодните торбички, ќесиња му ги обесувале на уво, наредата алатката му ја ставале во устата, извадено срцето и обесено на чело на капата или обесено на алиштата. Рацете ставени во ребрата како да се во џебови.

За сето ова што го правеле е доказ за извршено злосторство без еден испукан куршум во жртвата. Раскажувачите велеа во каква религија тие веруваат тоа беше незапамтено злосторство над невиното население во тоа време.

Ѓерманските воени единици се повлекуваат на север, македонските партизански ојачуваат со голем морал за правење македонска држава. А додека балистичкиот отпор ослабува. Така да останал уште Хасани Џемо, давал отпор, но и тој се сокрил во Шар планина. Неговата жена присутна со него и го прашала, што ќе правиме вака, да се предадеме, нека не судат, можи ќе не помилуваат. Бо тој момент Џемо го извадил пиштолот и наместо ја убил. Нејзините браќа, неговите шуревци како освета за нејзиното убиство се обратиле до тогашната ОЗНА, каде е сокријан Џемо. ОЗНА организирала хајка, потера и му дале повик за да се предаде. Џемо на повикот излегол од скривницата и со шмајзерот наоколу него почнал да пука рафално. Озновците од сите страни со нивното оружје рафалирале и Џемо бил смртно покосен. Тоа било во сабота пред Велигден 1946 година.

На Џемо главата му била отсечена и ставена на излог во една продавница, мислам во книжарница во Тетово за да се увери народот и неговите истомисленици да е Џемо убиен. Преку денот поминале многу народ за да се уверат да Џемо е погубен. Некои наминувале со наведнати глави и се губеле во непознат правец. И така се губел балистичкиот морал. Од таквите неподносливи тешки глетки за своите другари или познајници се здобиле со психички тешки трауми, кај некои се ослободиле по време си, а додека кај некој такви трауми останаа доживотно. И Јован Атанасоски прележа од таква траума, се излечи.

Додека Јован беше болен стално беше посетуван од неговите селски другари за разговор и прошетки веќе во есента 1951 почна да се слуша од неговите посетители да неговата траума се губи, Јован се враќа во здравствената првобитна состојба и повторно веселиот Јован на сред селото ќе ги игра ората, пред се Куцаното, Пајдушко итн. И со надеш повторно ќе биди бригадир во Јужното маало Трета бригада. И во тоа се успеа, Атанасоски Јован се врати во нормален живот. Јован се демобилизира во 1947 година. После Колективот, Јован и Ѕвезда имаат уште едно дете.

Ние помалите деца одевме да тераме за молзење на молзниците колективни заедно со нашите постари другарчиња, за таа работа добивавме млеко со сламка да пиеме. Најубаво беше пиењето на пладнинското молзење, тогаш млекотот од жештината имаше пења. Трла каде беа сместени колективнитеовци беа следните: трлата од Трајан Танески, од Дамјановци, од Таневци Мицевци, од Јоновци, од јанковци, од Павлевци. А додека приватните овци беа помалце по број беа сместени во трлото од Таневци Ристевци од Таневци Крстевци и од Велјановци.

Работата по полето со копање пченки, сончогледи, бостани, афиони, жетва, косење се одвиваше со маалските аргати.

Беше дозволено секое домаќинство да си има по една нива за приватна пченка, бостан и лозје. Додека се градеше задружниот дом, управата одредуваше по бригада кои запрежни коли ќе носат камење, црвеница за правење земјен малтар и вода за малтар. Сув летен се носеше вода од Грамата и Горни превалец со метални буриња товарени на колите. Кога беше редот за дежурства за домот со вода и камење, ние мали деца одевме се возевме во празните коли за камење до Орницата Колеска во Орев и од Превалец или од Грамада за вода од таму до друштво фатени за рака си идеме дома. Нас децата таа колективна програма ни се допаѓаше, а возрасните како се осеќаа, тие си знаеја. Сепак треба да се речи да било добро немаше некој меѓусебни расправии.      

Продолжува

Loading