КОНЗЕРВАЦИЈА НА ИКОНОСТАСОТ

Во црквата Св. Благовештение

Се конзервира и се реставрира иконостасот со димензии 16 на 7 метри во црквата Св. Благовештение. Конзерваторите од прилепскиот и од битолскиот Завод и музеј ја изведуваат првата фаза за заштитата и зачувувањето. Постапката доаѓа по истражувањата и проценките за оштетеност. За првата фаза се одобрени 280 000 денари и околу 300 000 денари за в година.

-Времето го направило своето. Треба да се зајакне стабилноста на конструкцијата. Тоа е скелетот што го држи целиот ореовиот и боров иконостас. Потребна е интервенција на резбаните делови, предната страна, и на иконите. Се чисти површински – велат од стручњаците.

Се работи на парапетните плочи со инјектирање, се дезинфицира дезинсекцира со препарати и со премачкување. Резбата се импрегнира. Се заштитуваат и вградените икони.

Проектот ќе трае барем четири години и ќе следува зајакнување на иконостасот со додавање нови столбови.

Иконостасот од 18 век е еден од најпознатите. работен од мијачките мајстори кои создале ремек дела и во бигорскиот манастир и во црквата Св. Спас во Скопје.

Loading