ПИСМЕНОСТА ВО МАРУЛ (125) – 3 ДЕЛ

Фељтон: Томе Велјановски   

Курсот за описменување за возрасни заврши во почетокот на месец март 1951 година. Како дете додека траеше курост имав прилика да бидам присутен една вечер токму таа вечер кога учителот Киро Миладив го кинеше целосно листот од букварот со поздравот до Сталин.

Дувни, дувни ветре од планина

Поздрави го другарот Сталина.

Посетителите на курсот не добија некои уверенија, туку учителот Киро Миладинов ги запиша по азбучен ред во дневник наменет за такви работи. Сепак од овој петомесечен курс за возрасни имаше некоја корист, напредок. Така да Јовческа Ванѓелица Велјаноска, мајка ми ги научи сите букви од нашата македонска кирилица, азбука.

Сепак имаше грешки во исклучок на неколку букви и самогласки ги читаше правилно, а додека останатите други букви ги читаше двојно, на секоја прочитана буква ја додаваше буквата А. (А, Ба, Ва, …).

Знаеше да напише повеќе имиња со “дволични” букви, (баба, мама, Ката, Мара…) и многу други имиња. Нејзиното име Неда не можеше да си го напише, пречка и беше буквата Е, па затоа знаеше да напише Нада.

Сепак тој курс е голем за прв пат во поодминти години со фамилијарна одговорност да се учи писмо и букви не е едноставна работа за сите учеснички на курсот е ист успех и пофалба.

Од голема радост со родувањето на малиот Петре на 9.03.1951 некаде кај два часот кај Новачевци се слушна жалосен глас и пискот. Нашите маалци први отидоа за да ја разберат тагата. Народот созна за големо изненадување не е починат ниту новородениот Петре, ниту 81 годишниот дедо Димитрија, туку војникот Живко, внук од син на Димитрија, татко му на малиот Петре. Јован, татко му на Живко ја зел ловечката пушка за да си изврши самоубиство. Димитрија, дедо му отишол да рипа во бунарот рвеникот. Но двете осветнички биле спречени од присутните лица марулци. Наредниот ден пред пладнина со еден војнички џип Живко беше донесен во затворен херметички ковчег во присуство на шоферот, двајца војници и еден офицер со непознат чин за нас помладите. Живко беше погребан во нивно присуство кои не дозволија да се отвори ковчегот од Живко. Откако го погребаа Живко воените лица си заминаа.

Остана дилемата како е загинат војникот Новачески Живко. Имаше две непотврдени верзии за неговото загинување. Првата верзија кружеше меѓу народот да неговата единица имале гаѓање со тешки артилериски оклопни минофрлачи, топови, самоходки и тенкови. Живко бил во заштитен вземен заклон и контролант на погодените и промашените мети. Некое си парче од испуканата граната се одбила од камен, го удрила Живко во главата, му откинала дел од лицето и директно го усмртила.

Втората верзија која ја раскажувал Бозгески Јован од соседното с. Штавица, живков познајник и војнички другар да Живко бил клоцнат во штало директно в лице и му го разнесол половината лице од главата.

Како и да е Живко загина во тогашно Титово Ужице во Србија. Чудно е неговото загинување.

Продолжува

Loading