СЕ ТОКМИ АПАРАТОТ ЗА МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА

На 17 јануари ќе пристигне новиот апарат за магнетната резонанца в болница. Се приспособува и опремува просторот, а медицинските кадри кои ќе работат веќе се обучени.

– Кадрите веќе беа на обука и претстојат уште две. До март ќе се стави во употреба преку закажување на Мој термин – информира Кети Смилеска, директор на Општата болница со проширена дејност.

Смилеска се осврна на пандемијата со пролетниот бран. Од 10 700 позитивни пациенти, 285 се лекуваа во модуларната болница. Модуларната болница е затворена, оти пациентите се префрлени во инфективното одделение со нов влез и изез. На располагање е и мобилен рентген апарат, пациентите со коронавирусот да бидат снимени во инфективното одделение и да не влегуваат во болницата кадешто се снимаат пациенти со друга патологија.

Набавен е нов ЕКГ апарат за интерното одделение, нов ехо гинеколошки апарат за гинекологија, во тек е набавката на дигестор за патологија, активиран е апаратот за стрес тест, за методата холтер. Од 34 одобрени специјализации, испратени се 27 општи доктори и 3 доктори на субспецијализација.

Loading