Градоначалник Борче Јовчески на средба со дел од тутунските здруженија од регионот покрена иницијатива за будно следење на откупот на тутунот, поради незадоволството на тутунарите од цените, иако родот е квалитетен. Според Јовчески, заедно со градоначалниците од прилепско, преку пратениците, ќе бараат измени во Законот за тутун за да нема увоз пред да се купи домашното производство.