ПЕЛАГОНИСКО ДЕРБИ ЗА КРАЈ

Ракомет жени

Екипно првенство што последно завршува е женското ракометно од Супер лигата. Викендов е 14. коло во кое е соседското дерби во Битола, Пелистер – Деспина. Неизвесен дуел поради пласманот на табелата. Деспина е трета со 25, Пелистер четврти со 20 бода. Деспина претходно поврза две победи, во Битола со Феникс (31:20) и дома со скопски Шампион (31:23). На вториов дуел 13 гола даде Елена Рипилоска.

На табелата води шампионот Куманово со максимални 36 бода, пред Чаир со 31.

Loading