Ракомет мажи
Машкиот суперлигаш Прилеп ја заврши тешката есенска полусезона во Супер лигата. Се остварија очекувањата дека ќе биде мошне тешко. Прилепскиот тим доживеа 11 порази, последниот со 34:26 од Еурофарм Пелистер 2 во Битола, а постигна пет победи. Се чини дека можеше и нешто повеќе. Но имаше несреќни порази од Бутел во Скопје и дома од аутсајдерот Скопје. Можеше да има шест бода повеќе отколку сегашните 15. Најважно е дека се вложи максимум со верба во најмладиот тим во лигата за кого битката за опстанок продолжува на 3 февруари, дома со Тиквеш.
Табела: Еурофарм Пелистер и Вардар по 43, Бутел 33, Еурофарм Пелистер 2 – 32, Охрид, Тиквеш и Пролет по 25, Металург 21, Прилеп 15, Струга 13, Скопје 6, Радовиш 3.
Само два меча во Универзална
Кошаркарите на Мега баскет одржаа неколку тренинзи во Универзалната сала и за првиот првенствен меч се вратија во училишната сала од ОУ ,,Добре Јованоски,,, Слично се случи со ракометарите на Прилеп. Тие во Универзалната подолго тренираа, дури одиграа и два меча со Еурофарм Пелистер и со Бутел, но се вратија во салата од СОУ ,,… Ричко,,. Изгледа големиот објект е прескап за скрмните со финансии прилепски клубови.
Можеби напролет ќе има втора шанса.