ВТОРО МЕСТО ЗА МЕГА БАСКЕТ

Кошарка

Машката екипа Мега баскет е на 2. место од есенската табела на Третата лига, Б-група. Таа го напушти врвот, бидејќи беше слободна во последното коло, кога се одигра дербито Работнички – Куманово. Скопскиот тим победи со 84:78 и така стана есенски првак со максимални 14 бода. Билансот на Мега баскет е шест победи и еден пораз. Трет е Куманово со 12 бода. Напролет ќе има уште седум меча, меѓу нив и дерби со Работнички во Скопје. Постојат шанси за првото место.

Loading